речник контакт

Ковани пара за колекционерски цели: „Руски лавиринт“ и „50 години од МАНУ“

Имаат вредност од 4,3 илјади денари и од 2,5 илјади денари, додека номиналната е 100 денари

Петар Печков

Народната банка на Македонија издаде две нови коварни пари за  колекционерски цели.  Ги издаде  ,,Руски лавиринт“ и „50 години од МАНУ“.  Номиналната вредност на првата е 100 денари а реалната 4.300 денари.   

На аверсот,  во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во централниот дел е прикажан лавиринтот кој се наоѓа во Долната градина во Петровиот дворец (Петерхоф) (Русија), со фонтана во центарот и Петровиот дворец во позадина. На двете страни од лавиринтот се претставени портрети. На левата страна е прикажана статуа на Петар Велики – творец на лавиринтот во Петровиот дворец, а на десната страна - статуа на Ана Јоановна, која ја продолжила работата на Петар Велики. Во централниот дел на кованата пара се наоѓа натписот „RUSSIAN LABYRINTH“. Исто така, прикажани се натписите: „Peter the Great“ и „Anna Ioannovna“ (околу кованата пара, по должината на периметарот) и ознаката „Ag925“ во долниот дел од кованата пара. 

Кована пара за колекционерски цели: „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ е со номинална вредност до 100 денари и реална од 2,5 илајди денари. 

На аверсот, во горниот дел од монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „Република Македонија“ на македонски јазик. Во централниот дел на монетата се претставени натписите: „1967-2017 . 50 години“ и „бројот 50” во чија средина е претставено логото на „Македонска академија на науките и уметностите  .  Скопје“. Во долниот дел на монетата се претставени натписите: „100 денари“ и годината на издавање „2017“.

На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажана слика на зградата на Македонска академија на науките и уметностите, а под неа натписите „1967-2017“ и „Аg925“. Околу монетата, по должината на периметарот е прикажан натписот: „Македонска академија на науките и уметностите Скопје“ на македонски јазик.

Ковани пари за колекционерски цели се уникатни, репрезентативни и со извонредна уметничка вредност и придонесуваат за промоција на Република Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »